Бизнис

ЕУ е најголемиот трговски партнер на Македонија со 13,8 милијарди евра трговска размена

Во 2025 година, Македонија стана првата земја од Западен Балкан што доби средства од Планот за раст на ЕУ – 52 милиони од вкупно 750 милиони евра, потврдувајќи дека земјата се движи во насока на реформи, усогласување со европските стандарди и поголем пристап до единствениот европски пазар.

Европската Унија е клучниот економски двигател за Македонија. Во изминатата година, трговската размена достигна 13,8 милијарди евра, што ја позиционира ЕУ како најважен и најголем трговски партнер на земјата.

Дури 78% од целиот македонски извоз завршува на европските пазари, што ја прави ЕУ незаменлив фактор за растот на индустријата, производство и пазарот на труд. Овој силен економски однос е поддржан и преку значајни директни странски инвестиции, од кои најголемиот дел потекнуваат од земјите-членки на ЕУ. Инвестициите во индустријата, технологијата, производството и инфраструктурата создаваат конкурентна економија, стабилни работни места и долгорочен развој.

Покрај трговијата, ЕУ има водечка улога во обезбедувањето поддршка за развојот на Македонија. Преку ИПА програмите се доделени над 265 милиони евра, меѓу кои и 80 милиони евра енергетска помош – поддршка којашто беше пресудна за заштита на домаќинствата и компаниите во периодот на енергетската криза.

Во 2025 година, Македонија стана првата земја од Западен Балкан што доби средства од Планот за раст на ЕУ – 52 милиони од вкупно 750 милиони евра, потврдувајќи дека земјата се движи во насока на реформи, усогласување со европските стандарди и поголем пристап до единствениот европски пазар.

Европските средства придонесуваат за развој на поквалитетна инфраструктура, зелена енергија, подобри енергетски стандарди и поодржлива животна средина. Овие инвестиции не се само бројки – тие се реални проекти што ги подобруваат секојдневните услуги и ја забрзуваат економската трансформација на земјата.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top