Драган Милосављевиќ со сопствено луцидно видување на состојбите пред 20-30 години и сега:
Не дека сум некој фанатичен љубител на старите добри времиња, кога се знаеше кој е кој, ама морам да протестирам. Убедливо најагресивни тепачи во цела држава моментално се краварките, манекенки и мисици од Крива Паланка.
Имаат преку сто пријави. И како?
Порано си одиш дома, твоите те гледаат модар, црвен, испотен, прашуваат кој те тепаше? И ти како од пушка: Бардо, Кељав, Луди, Црвен, Дивтарот….значи се име до име.
Сега што?
Се враќаш дома модар, црвен, испотен, липаш, кршиш прсти. Твоите те прашуваат кој те тепаше? Па, ме исчукаа манекенките од Паланка. Ако имаш жив дедо ќе падне болен, а баба ти ќе те докрајчи со сукало.
Тоа е. Или да замислиме денешен младич, како после половина век пишува мемоари, сведочење за својот велелепен, возбудлив живот. И читаш во неверување: Есента 2026 година се најдов на македонско-бугарската граница, во услови на голема напнатост, тензии и вето. Дуваше страшен ветер, урлаше силен дожд. Три крави ми го блокираа патот. Нервозен, тргнав да ги набркам. Дојдоа трите диви манекенки, краварки и ме шинаа од тепање. Бегав до Скопје трчајќи како бесен пастув. Језиво.