Бизнис

Плати кои секој би ги посакал: Колку заработуваат возачите на камиони?!

Разликите во заработката се изразени низ цела Европа. Франција (1.850 евра) и Романија (1.794 евра) се само малку подобри од Унгарија, додека просекот во Шпанија е 2.450 евра, а во Полска 2.814 евра. Само Германија е блиску до британските нивоа со 3.357 евра.

Плати кои секој би ги посакал, и кои постојано растат – во зависност од земјата и од компанијата, се разбира. Британските возачи на камиони заработуваат до трипати повеќе од нивните колеги во Унгарија, па дури и ги престигнале германските возачи – иако често се жалат на платите и условите за работа, покажуваат новите податоци.

Како што пишува trans.info, недостигот на работна сила по Брегзит и големите економски разлики низ Европа создадоа континент каде што географијата ја одредува платата повеќе од возачките вештини. Со бруто плата од 3.350 фунти месечно (3.930 евра), британските возачи се на врвот на европската табела, додека Унгарија е на дното со само 1.039 евра.

Разликите во заработката се изразени низ цела Европа. Франција (1.850 евра) и Романија (1.794 евра) се само малку подобри од Унгарија, додека просекот во Шпанија е 2.450 евра, а во Полска 2.814 евра. Само Германија е блиску до британските нивоа со 3.357 евра.

Како што објавува овој портал, вистинската приказна може да се види само кога платите се споредуваат со националниот просек. Меѓународните возачи од Полска заработуваат 2,7 пати повеќе од минималната плата – највисока во Европа – додека возачите на камиони од Велика Британија заработуваат 70 oтсто повеќе од минималната плата и 9 отсто над националниот просек. Германските возачи заработуваат 64 отсто над минималната, но сепак 13 отсто под националниот просек, објавува „Плуто логистика“.

Од друга страна, француските возачи едвај ја надминуваат минималната плата (91 отсто од законскиот минимум), додека унгарските возачи на камиони заработуваат дури и под неа – 79 отсто – што покренува сериозни прашања за одржливоста на професијата во Источна Европа.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top