Бизнис

Почнува процесот за враќање на парите од солидарниот данок

Компаниите од кои државата наплати солидарен данок во време на криза, веќе идниот месец ќе ја добијат првата рата од повратот на средствата. Претходно треба да поднесат барање за поврат до Управата за јавни приходи. Од Министерството за финансии информираат дека постапката официјално е почната.

Процесот за враќање на средствата уплатени во согласност со Законот за солидарен данок е почнат, информираат од Министерство за финансии.

  • Донесен е правилник за изменување и дополнување на правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за враќање повеќе или погрешно наплатен данок и веќе е објавен во „Службен весник“. Компаниите треба да достават барање за поврат на средствата до Управата за јавни приходи – информираат од Министерството за финансии.

Со Законот за данокот на солидарност беа опфатени компании што во текот на 2022 година остварија вкупен приход поголем од 615 милиони денари и во согласно Законот во Буџетот во текот на 2023 година беа уплатени околу 50 милиони евра од страна на 156 компании. По поништување на Законот од страна на Уставниот суд, државата имаше обврска да ги врати средствата коишто беа уплатени во Буџетот по основ на Законот.

Врз основа на оваа Одлука на Уставниот суд, Министерството за финансии доби задолжение од Владата да пристапи заедно со компаниите кон утврдување модалитет за поврат на средствата, при што беше дефинирано повратот на средства да се изврши во две рати, односно во март 2026 година и во март 2027 година.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top