Бизнис

Поставен камен темелникот на ветерниот парк кај Штип – инвестиција од 500 милиони евра

Предвидено е да има 55 ветерници кои ќе произведуваат електрична енергија со која ќе се задоволат потребите на околу 100 илјади домаќинства

Камен-темелник на Ветерниот парк кај Штип беше поставен денеска. Изградбата е на компанијата „Алказар енерџи“, а инвестицијата вредна над 500 милиони долари треба да отвори 630 нови работни места. Ќе биде лоциран меѓу Штип, Карбинци и Радовиш на површина од околу 326 хектари.

Предвидено е да има 55 ветерници кои ќе произведуваат електрична енергија со која ќе се задоволат потребите на околу 100 илјади домаќинства.

Ко-основачот на „Алказар енерџи“ и генерален директор, Даниел Калдерон, на денешниот настан истакна дека македонската влада била таа што нив ги туркала како компанијата за поскоро завршување на работите, нешто што не било случај во останатите земји каде работи компанијата.

-Ова е редок момент кога после 12 годишно постоење на „Алказар“ никогаш досега немаме успеано да стигнеме до оваа фаза на подготвеност за градба и тоа точно во согласност во временската рамка, што ја договоривме со владата уште во јуни минатата година. Во нашето долгогодишно искуство, без разлика во која земја сме во светот, најважна за нас е дисциплината при работата со нашите партнери. Вообичаено кога ќе работиме за други проекти, ние сме тие кои треба да ги туркаме институциите и владите на земјите за да завршат нешто. Раководните лица во Владата на Македонија беа тие што нас не’ туркаа да ги завршиме работите побрзо и им благодарам, истакна Калдерон.

Тој посочи дека оваа инвестиција ќе отвори 600 работни места, ќе донесе чиста електрична енергија за над 100.000 домаќинство и ќе го намали загадување

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека како влада се сериозно посветени на економијата и силно веруваат дека земјата има голем потенцијал, па затоа како што рече, со гиганстки чекори одат напред.

-Исклучително е пријатно чувството бидејќи по нешто повеќе од една година, тоа што го ветивме заедно со компанијата, денеска добива некаква завршица, на првата фаза. Заедно со Даниел и соработниците најавивме инвестиција во делот на обновливата енергија во вредност од половина милијарда долари. Инвестиција која ќе биде модел како треба во иднина да се движиме. Ако нема дисциплина и јасна поставеност на еден проект, тогаш нема ништо. Ќе почне да се распаѓа сето она што го градите и на крајот нема да стигнете до посакуваната цел. Имаме уште многу идеи, но со компанијата тоа ќе го разговараме во некоја следна фаза, нагласи Мицкоски.

Министерот за транспорт, Александар Николоски смета дека како нација можеме да водиме големи проекти.

-Во еднос на економијата имаме директен и индиректен импакт. Директен е она што ќе се произведе и продаде кое директно влегува во БДП, а индиректниот е многу поголем. За стопанството, за индустријата затоа што светот оди напред. ЕУ ги постави правилата за зелена транзиција ги постави, а тие велат дека особено во металната, во челичната индустрија, во индустрииите кои придонесуваат најмногу за нашиот БДП, од 2026-та мора да се користи зелена енергија. Да дадеме шанса на нашата економија и компаниите да бидат конкурентни надвор на пазарот, вакви проекти ќе придонесат да бидеме лидери и во индустриското производство, истакна Николоски.

Ветерниот арк претставува и значаен чекор кон зајакнување на енергетската безбедност и целите за обновлива енергија на земјата.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top