Бизнис

Предвидено е да се изградат 727 нови станови – цената зависи од локацијата

Во извештајниот период е предвидена изградба на 727 станови со вкупна корисна површина од 69.411 квадратни метри. Предвидената вредност на објектите изнесува над 7 милијарди денари, што е за 5,2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Во септември годинава се издадени 314 одобренија за градење, што е за 6,1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 220 се наменети за објекти од високоградба што е 70,1 %), 38 се за објекти од нискоградба или 12,1 %) и 56 се наменети за реконструкција на објекти што 17,8 %.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 727 станови со вкупна корисна површина од 69.411 квадратни метри. Предвидената вредност на објектите изнесува над 7 милијарди денари, што е за 5,2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Во септември 2025 година се издадени 314 одобренија за градење, што е за 6.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7. 124. 419 илјади денари, што е за 5.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 220 (70.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 38 (12.1 %) за објекти од нискоградба и 56 (17.8 %) за објекти за реконструкција. Од вкупно 314 објекти, на 229 (72.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 85 (27.1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во септември 2025 година:

Најмногу одобренија за градење, 220, се издадени за високоградба
Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 98
За изградба се предвидени 727 станови

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top