Бизнис

Премиерот најави 17 проекти вредни над 650 милиони евра и 5.000 нови работни места

Мицкоски презадоволен и од над двојно поголемиот извоз на земјоделски производи во четвртиот квартал во однос на увозот

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека активно се работи на привлекување нови инвестиции кои дополнително ќе ја раздвижат македонската економија.

„Во моментов во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за државна помош се 17 проекти, во вкупна вредност од над 650 милиони евра, кои што треба да обезбедат 4.500-5.000 нови директни работни места. Очекувам оваа година најголемиот дел од овие проекти да бидат отпочнати со производство, што, исто така, ќе додаде вредност во вкупниот бруто-домашен производ на државава, а колку е тој поголем, толку повеќе ние ќе имаме пари за реализирање на ваков вид капитални инвестици“, изјави премиерот при увидот во градежните работи на автопатот Гостивар – Букојчани од коридорот 8.

Мицкоски е презадоволен и од растот во земјоделството.

„Навистина импресивни се резултатите во земјоделието во четвртиот квартал, повеќе од двојно е поголем извозот во земјоделието отколку увозот на земјоделски производи. Само во четвртиот квартал имаме околу 12,5 милијарди денари што е навистина импресивна бројка, споредено со целата година, имаме преку 450 милиони евра извоз на земјоделски производи, наспроти околу 200 милиони увоз“, истакна тој.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top