Бизнис

(Фото): Раст на БДП од 3,1% во првиот квартал годинава

Според сезонските и календарски приспособените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во првото тримесечје од 2026 година во однос на првото тримесечје од 2025 година е 3,3 проценти.

Бруто-домашниот производ порасна за 3,1 проценти во првото тримесечје од 2026 година во однос на истиот период од 2025 година – соопшти денеска Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од 2026 година поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво од 7,2 проценти и Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 6,1 проценти.

Финалната потрошувачка во првото тримесечје од 2026 година номинално расте за 7,3 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 86,4 проценти. Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2026 година номинално растат за 1,8 проценти како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.

Според сезонските и календарски приспособените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во првото тримесечје од 2026 година во однос на првото тримесечје од 2025 година е 3,3 проценти.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

To top