Бизнис

РКЕ: Ќе се преиспитуваат блоковите за потрошувачка на струја, што ќе значи тоа за сметките?!

Новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, смета дека треба да се направи детална анализа на системот со четири тарифни блока за електрична енергија. Според него, нелогично е да се плаќаат четири цени за ист берзански производ. „Мој личен став е дека треба да се отвори и ова прашање ќе го разгледаме во […]

Новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, смета дека треба да се направи детална анализа на системот со четири тарифни блока за електрична енергија. Според него, нелогично е да се плаќаат четири цени за ист берзански производ.

  • „Мој личен став е дека треба да се отвори и ова прашање ќе го разгледаме во наредниот период – дали да има блокови или не, или поинаку да се димензионираат“, рече Ристов на денешната средба со новинарите.

Рече дека РКЕ ќе ги разгледа досегашните резултати од воведувањето на блоковите, но ќе ги земе предвид и искуствата од регионот.

  • „Од искуствата од регионот ќе видиме како може да се направи нешто и дали може да се направи нешто подобро во интерес на крајните потрошувачи“, додаде Ристов.

Како што најави, можно е да се направи некаков нов начин, кој ќе биде поправичен. Претседателот на РКЕ нагласи дека енергијата е берзанска стока и оној што произведува ја продава по иста цена, а сè друго е социјална категорија која треба да се усогласува со државата.

  • „Не може да постојат пет цени за ист производ. Затоа ќе ги разгледаме искуствата од примената на тарифниот систем и ќе направиме анализа од која ќе зависи што ќе правиме во иднина“, вели Ристов.

Во однос на цената што граѓаните ја плаќаат за системот за топлинска енергија, Ристов не очекува дека тука ќе има драстично зголемување.

  • „Во делот на гасот засега нема големи флуктуации за разлика од оние што се случуваат кај нафтените деривати и неговата цена е релативно стабилна“, рече тој.

Сепак, дали ќе има покачување на цената на топлинската енергија за крајните потрошувачи, додаде дека ќе се знае кон крајот на јули бидејќи поднесувањето на барањата на компаниите што работат во овој сектор е заклучно со 30 јуни, по што регулаторот ги обработува податоците.

  • „Во зависност од податоците што ги добиваме од берзите, правиме споредба и носиме регулирана цена за која во овој момент не знаеме дали ќе биде нешто повисока: веројатно поради инфлаторните случувања, ќе има некакво зголемување, меѓутоа не се очекува тоа да биде драстично бидејќи, сепак, цената на гасот не порасна на пазарите како што е кај нафтените деривати“, додаде Ристов.

Во Македонија за домаќинствата важи систем на четири блокови за електрична енергија, кој се применува само за потрошувачката во висока (скапа) тарифа.

Блокови за 2026 година

Блок      Потрошувачка (висока тарифа)               Цена на енергија

Прв блок (ВТ1) до 210 kWh        4,707 ден/kWh

Втор блок (ВТ2)               211 – 630 kWh   5,898 ден/kWh

Трет блок (ВТ3)               631 – 1050 kWh 7,854 ден/kWh

Четврт блок (ВТ4)           над 1050 kWh    19,190 ден/kWh

Ниска тарифа (НТ)          без блокови      2,189 ден/kWh

Ова се тарифни ставки за енергија; на сметката има и мрежарина, ДДВ, фиксни надоместоци и други ставки. Блоковите функционираат на тој начин што доколку на пример се потрошат 700 kWh во висока тарифа, тогаш првите 210 kWh се пресметуваат по цена на прв блок, следните 420 kWh по цена на втор блок, а остатокот влегува во трет блок, односно не влегува целата потрошувачка по најскапиот блок, туку само делот што го надминува прагот.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top