Бизнис

Се модернизира инфраструктурата на Коридорот 10

Според министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, иницијативата е веќе прифатена од некои негови колеги од земјите по должината на овој паневропски коридор, а со други ќе се преговара во следниот период.

Македонија иницира потпишување на договор за соработка меѓу државите на Коридор 10 за развој на патната и на железничката мрежа, зелената транзиција и електропреносната мрежа бидејќи ќе биде од корист за сите. Според министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, иницијативата е веќе прифатена од некои негови колеги од земјите по должината на овој паневропски коридор, а со други ќе се преговара во следниот период.

  • Целиот проект има смисла доколку инвестираат сите држави кои се дел од Коридорот 10. Во моментов постои брза пруга од Атина до Солун, она што недостасува е Солун – Гевгелија – Скопје – Ниш. Пругата Белград – Будимпешта беше пуштена во функција во ноември, додека линијата Будимпешта – Братислава постои. На пругата Будимпешта – Виена во моментов се работи и она што се согласивме е да потпишеме петпартитен договор меѓу нас, државите на Коридор 10, не само за железницата туку и во делот на автопат и зелена транзиција и во делот на електропреносната мрежа – истакна вицепремиерот Николоски.

Тој најави дека Македонија е веќе влезена во фаза на постапки за брзата пруга, следен чекор е потпишување на договорот со државната компанија „Кросреил” од Велика Британија.

  • Го овластивме директорот на „Македонски железници – Инфраструктура“ да  потпише договорот со „Кросреил”. Значајно е тоа што „Кросреил” е во целосна сопственост на Министерството за транспорт на Велика Британија. Таа е компанија која ја изгради првата целосно дигитализирана метролинија во Лондон. Тие ќе го пренесат своето знаење и искуство кон вработените во Македонски железници и ќе бидат контактна точка со сите владини институции. Ова е прв чекор во нашата идеја за брза пруга. Во разговори сме со сите соодветни институции кои се поврзани за изградба и веќе следната година ќе градиме на терен – нагласи Николоски.

Најнови вести од: Бизнис

Коњановски: Декарбонизација не значи деиндустријализација

Зелената транзиција мора да ги земе предвид потребите на економијата и можностите на енергетскиот систем. Намалувањето на зависноста од јагленот треба да биде постепено, со обезбедено стабилно снабдување за индустријата и граѓаните

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

Најнови вести

To top