Бизнис

Славески: Структурните реформи можат значително да ја забрзаат конвергенцијата кон ЕУ

Славески нагласи дека воспоставената и долго одржувана макроекономска стабилност создаде цврста основа за развој на нашата економија, додека зголемената трговска отвореност и интеграцијата во европските и глобалните синџири на вредност значително го променија економскиот и извозниот профил на земјата.

Проценките покажуваат дека комбинацијата од реформи во областите на пазарот на трудот, човечкиот капитал, деловното окружување и доброто управување има потенцијал да го зголеми БДП на земјава за околу 14 проценти, доколку се затвори половина од јазот којшто постои во однос на водечките економии од Централна, Источна и Југоисточна Европа. Ова го порача гувернерот на Народната банка Трајко Славески на Годишната меѓународна конференција „Координација на политиките за конвергенција кон ЕУ: фискален простор и монетарно закотвување во услови на забрзана интеграција“, којашто се одржа во Кишињев, Молдавија, во организација на Народната банка на Молдавија.

Гувернерот Славески, говорејќи на панел-дискусијата насловена „Интеграција во единствениот пазар и структурна конвергенција“, истакна дека реалната конвергенција на земјите од Западен Балкан сѐ уште е бавна и дека структурните реформи се од суштинско значење за зајакнување на потенцијалот за раст и за побрзо економско приближување кон Европската Унија.

Славески нагласи дека воспоставената и долго одржувана макроекономска стабилност создаде цврста основа за развој на нашата економија, додека зголемената трговска отвореност и интеграцијата во европските и глобалните синџири на вредност значително го променија економскиот и извозниот профил на земјата.

  • „Во 2025 година, трговската отвореност достигна околу 130 проценти од БДП, што претставува речиси двојно зголемување во споредба со раниот период на транзицијата“, информира гувернерот Славески.

Во однос на потребната реформска агенда, тој посебно ги издвои институционалните реформи и реформите во областа на доброто управување. „Владеењето на правото, ефикасноста на институциите и поголемата предвидливост ќе ја подобрат инвестициската клима, ќе ја зајакнат ефикасноста на јавните политики и ќе ги зголемат ефектите од инвестициите во човечкиот капитал и приватниот сектор“, оцени Славески.

Гувернерот посочи дека подлабоката интеграција во Единствениот пазар на ЕУ може да послужи како важен катализатор за нашиот процес на конвергенција.

  • „Во овој поглед, Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан обезбедува сеопфатна рамка за унапредување на оваа интеграција, комбинирајќи поблиска интеграција во единствениот пазар, подлабока регионална интеграција преку заедничкиот регионален пазар, забрзани реформи и финансиска поддршка“, рече Славески.

Како конкретен пример за непосредните економски придобивки од интеграцијата Славески го посочи членството на земјава во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА).

  • „За граѓаните, трошокот за испраќање 500 евра е намален за шестпати во споредба со претходните кореспондентски банкарски аранжмани, додека за компаниите трошокот е околу осумпати понизок за трансакција од 20.000 евра. Вкупните заштеди од пониските банкарски провизии се проценуваат на околу 5 милиони евра во првата година. Во тек се и оперативните подготовки за воспоставување на клонот ТИПС, кој ќе обезбеди инфраструктура за инстант плаќања којашто ќе биде компатибилна со таа на ЕУ и ќе овозможи побрзи и поефикасни платежни трансакции“, посочи  гувернерот Славески.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

To top