Бизнис

Советот на странски инвеститори ги поздравува владините напори за решавање на проблемот на транспортерите

Советот на странски инвеститори информира дека внимателно ја следи ситуацијата и нагласува колку е значаен овој проблем, кој има директно влијание врз функционирањето на компаниите.

Советот на странски инвеститори ги поздравува заложбите на Владата за разрешување на предизвикот со кој се соочуваат македонските транспортери поради новиот Систем за влез/излез на ЕУ (ЕЕС). Особено е позитивна веста за одложувањето на примената на овој систем за македонските превозници до 30 септември, што го најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Советот на странски инвеститори информира дека внимателно ја следи ситуацијата и нагласува колку е значаен овој проблем, кој има директно влијание врз функционирањето на компаниите.

  • „Советот на странски инвеститори го поддржува изнаоѓањето на решение за македонските транспортери, бидејќи тоа значи заштита на инвестициите во земјата, овозможување на непречено движење на стоки, намалување на ризиците на индустриското производство, стабилност на работните места и на извозот во услови на исклучително високи ценовни притисоци на репроматеријалите и енергенсите, усложнување на логистичките рути поради кризата на Блискиот исток и висока глобална конкуренција,” се истакнува во соопштението.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top