Бизнис

Средба со претставници на бизнис-секторот во Делчево и Берово

Заменик министерот за економија

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска оствари работни средби со претставници на бизнис-секторот и здруженија на занаетчии во Делчево и Берово.

На средбите Ристески, заедно со претставници од Агенцијата за вработување и пред присутните презентираа мерките за поддршка на македонското стопанство и компании кои ги дава министерството за економија и труд, како и Агенцијата за вработување преку Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година.

Ристески на средбите се осврна за дел од мерките кои ги спроведува Министерството за економија и труд за поддршка на микро, малите и средните претпријатија, како и за поддршката на занаетчиите и занаетчиските комори.

– Министерството за економија и труд преку програмите за работа издвојува финансиски средста за поддршка на македонските претпријатија, за зголемување на нивната конкурентност и општествена одговорност, за дигитализација во работните процеси на микро, малите и средните претпријатија, како и за воведување на меѓународни стандарди во нивната работа. И годинава стандардно даваме поддршка и занаетчиските коморите, преку поддршка на проекти, како и за занаетчиите преку обезбедување на финансиски средства за набавка на опрема и алати. Како Владата сме тука за да ве поддржиме во вашиот раст и развој, затоа апелирам да ги следите разните конкурси и јавните повици кои ги објавува Владата и министерствата и доколку имате интерес и можност да аплицирате на истите – каже заменик-министерот Ристески.

Заменик-министерот Ристески и заменик-директорот на Агенцијата за вработување, Весна Пешова апелираа до присутните на двете средби да ги пратат огласите на агенцијата за вработување и да аплицираат на јавните огласи од мерките од Оперативниот план за 2025 година, кои годинава има рекорден буџет од преку 40 милиони евра.

На средбите од страна на претставниците на бизнис-секторот беа дадени позитивни мислења за мерките на Владата и министерствата за поддршка на компаниите, а од нивна страна беа изнесени и повеќе идеи и предлози за подобар развој на стопанството во малешевскиот регион.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top