Бизнис

Стопанска банка АД Битола стана дел од АЛТА груп

Двете банки ги соединува цврста традиција, докажан интегритет и стабилно работење

Откако АЛТА банка АД Белград успешно ја спроведе аквизицијата на Стопанска банка АД Битола, оваа банка официјално стана дел од АЛТА Груп, една од најдинамичните финансиски групации во регионот. Процесот е спроведен во согласност со највисоките пазарни и регулаторни стандарди со согласност на Народната банка на Република Северна Македонија.

– Аквизицијата на Стопанска банка Битола претставува, од една страна пресвртница во консолидацијата на регионалниот банкарски сектор, а од друга страна, важен темел за европската перспектива на нашата групација. Двете банки ги соединува цврста традиција, докажан интегритет и стабилно работење. Со влегувањето на Стопанска банка во системот на финансиските институции на АЛТА Груп градиме нова димензија на банкарството заснована на достапност, доверба и технолошка супериорност – истакна Давор Мацура, претседател на Управниот одбор на АЛТА банка и сопственик на АЛТА Груп.

Претставниците на Стопанска банка Битола изразија задоволство од успешно реализираниот процес на аквизиција.

– Влезот во АЛТА Груп за нас претставува нова развојна фаза. Веруваме дека ова партнерство ќе донесе дополнителна вредност за нашите клиенти, вработените и локалната заедница, со зачувување на континуитетот на работењето и почитување на сите регулаторни барања. Нѐ поврзува не само деловната визија, туку и длабоката историска и културна блискост на нашите народи, што дава дополнителна сила на ова партнерство – истакна Александра Радевска, претседателка на Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола.

– Со проширувањето на работењето на пазарот во Северна Македонија, АЛТА банка не отвора само ново поглавје во развојот, ние создаваме можности за интензивирање на економската соработка на нашите земји. Задача на секоја сериозна финансиска институција е да биде сојузник на економијата, да гради мостови и да поттикнува регионална соработка – заклучи Давор Мацура.

Стопанска банка АД Битола е една од најстарите и најугледни финансиски институции во Северна Македонија, со традиција долга речиси 80 години. Со текот на годините, изгради силен углед на стабилност, доверба и локална посветеност. Нејзината клучна улога е во поддршката на граѓаните и на економијата. Вклучувањето во системот на АЛТА Груп претставува природен чекор кон модернизација, регионално поврзување и понатамошен развој. Партнерството со АЛТА банка ќе отвори простор за иновативни решенија, како и унапредување на корисничкото искуство, почитувајќи ги локалните финансиски стандарди и законски рамки.

АЛТА Груп е модерна финансиска групација со седиште во Белград која ги обединува банкарските, платежните и инвестициските активности, со стратешки фокус на иновациите и исклучителност на услугите. Препознатлива е како апсолутен лидер во областа на платниот промет и дигиталните платежни услуги.

АЛТА банка, како една од најважните членки на групацијата, работи на пазарот во Србија речиси половина век и овозможува најширока палета банкарски производи. Во континуитет бележи исклучителни деловни резултати и силен раст во сите сегменти на работењето, а во 2024 година доби признание за најбрзо растечка банка во Република Србија.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top