Бизнис

Трајановски: За само една година пуштивме 101 километар патишта вредни 200 милиони евра

Го завршивме патот Страцин-Длабочица, Длабочица-Крива Паланка, кој е во вредност од околу 100-тина милиони евра, како и патот Градско-Дреново, па Дреново-Фариш, патот од почетокот на Гевгелија па се до влезот во Богданци, патот од Охрид до Свети Наум, вели Трајановски.

Државните патишта се многу важен фактор за функционирање и за развој на државата, воедно, тие се многу важни и за локалната самоуправа, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски на денешната панел-дискусија во рамките на настанот Саем-Отчет, насловен како „Четири години инвестиции во инфраструктурата“.

Трајановски посочи дека во изминатиот период од година дена, колку што ВМРО-ДПМНЕ е централна власт, се направи многу во областа на државните патишта бидејќи заедно со Владата, ресорното министерство и со градоначалниците се работи тимски.

  • „Во изминатата година дена, завршивме и пуштивме во употреба 101 километар од експресни и регионални патишта и тие се во вредност од околу 200 милиони евра. Значи, толку да се направи и толку да се инвестира сигурно е дел од една тимска работа, пред се од Јавното претпријатие и на институциите од централната власт коишто помагаат. Тука се бирото за проценка, управата за имотно правни односи, Катастар и останатите“, рече Трајановски.

Понатаму, Трајановски рече, го завршивме патот Страцин-Длабочица, Длабочица-Крива Паланка, кој е во вредност од околу 100-тина милиони евра, како и патот Градско-Дреново, па Дреново-Фариш, патот од почетокот на Гевгелија па се до влезот во Богданци, патот од Охрид до Свети Наум.

  • „Сите овие беа патишта коишто, за жал, ги наследивме или закочени, или пак беа во некоја, многу блага форма на изработка. Сето тоа успеавме, заедно со министерството и Владата, сето тоа да го ставиме во функција и многу брзо да ги изградиме“, истакна, меѓу другото, Трајановски.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top