Бизнис

(Видео): Ќе поевтини ли храната во јули?!

Премиерот вели дека средбите со инволвираните во трговијата со основни прехранбени производи и контролата од пазарниот инспекторат е со цел да се види што е тоа што креира состојба на раст на цените.

Годишната стапка на промена на цените на основните прехранбени производи во јули да биде под 3%. Таа цел е дефинирана на вчерашната средба во Владата со претставници на најголемите синџири на маркети, а во таа насока, како што најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, ќе се одржат средби и со производителите и дистрибутерите и добавувачите. Во меѓувреме, Државниот пазарен инспекторат ќе прави споредбена анализа помеѓу цените на ист производ на добавувачите кон маркетите и цените на маркетите за тој производ кон потрошувачите за мај годинава споредено со мај лани. Целта, вели Мицкоски, е да се види што е тоа што креира состојба да имаме зголемени цени на основните прехранбени производи.

  • Имавме состанок со претставници на најголемите синџири на маркети. Разговаравме за кризата којашто еве, полека но сигурно, барем како што стојат сега работите, завршува. Ги анализиравме ефектите од кризата и заеднички дефиниравме цели коишто треба заеднички да ги исполниме. Една од тие цели е во јули годишната стапка на промена на цените на основните прехранбени производи не биде поголема од 3%, односно да биде под 3%. Се согласивме сите. За ова да се реализира потребно е да направиме еден ваков ист состанок со производителите и дистрибутерите и добавувачите. Тоа ќе се случи во наредниот период и потоа сите заедно ќе седнеме на маса и сите заедно ќе бидеме општествено одговорни затоа што граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимално најниски цени – изјави Мицкоски.

Како Влада, дополни тој, остануваме да бидеме посветени во насока на изнаоѓање системски решенија со кои инфлацијата генерално на основните прехранбени производи ќе се движи на ниво од под 3%.

  • Во мај беше 4, 5 до 4,7%, ако тоа се спореди со соседството, да речеме Грција е над 5%, Бугарија е над 6%, Романија е над 8%, истото е и со Косово, Хрватска и така натаму. Нешто помала од 3 и 4 е Србија и Албанија. Нашата цел е во јули да почнеме со под 3% годишна промена на цените на основните прехранбени производи и оваа задача си ја поставивме и ние како Влада, но и но и претставниците на најголемите синџири на маркети во Македонија – рече Мицкоски.

Анализирани се, информира премиерот, и потенцијални чекори од страна на Владата доколку не биде испочитувано договореното.

  • Ги анализиравме сите објективни состојби коишто тие вчера ги кажаа. Анализираме и промена на одредени законски решенија во насока на поуспешна реализација на оваа цел или во иднина цели коишто ќе си ги поставиме. Тоа што е од страна на Владата ќе биде испорачано, останува тие тоа да го испорачаат – рече тој.

Мицкоски соопшти и дека  Државниот пазарен инспекторат ќе направи компаративна анализа помеѓу цените на еден ист производ, еден ист артикл на добавувачите кон маркетите и цените на маркетите за тој ист производ кон потрошувачите, граѓаните, за месец мај 2025-та споредено со месец мај 2026-та.

  • Да видиме, што е тоа кое што тука креира состојба да имаме зголемени цени на основните прехранбени производи. Нашата цел е основните прехранбени производи, не е – тутунот и производите од тутун, алкохолните пијалаци или друг тип на акцизна роба. Зборуваме за основни прехранбени производи, тоа што им е неопходно на граѓаните – рече Мицкоски.

На прашањето дали се сомнева во злоупотреба кај цените од минатата година досега, тој одговори:

  • Не, јас сум човек којшто е следбеник на американската изрека „Верувај, но проверувај“.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top