Бизнис

(Видео): Македонија го доби првиот Национален центар за вештачка интелигенција

Целиот регион ќе биде покриен со нова брза дигитална инфраструктура, која ќе им овозможи на компаниите од сите шест земји од Западен Балкан директно да се поврзат со европските центри за вештачка интелигенција.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска објави дека нашата држава го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА: Национална ВИ Фабрика и Антена“ (AI Antenna Factory), кој се реализира со поддршка на Министерството и со финансиска помош од Европската Унија преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPС.

  • Ова е капитален проект со историско и национално значење. Нова страница во дигиталниот развој на Македонија во која Владата, универзитетите, индустријата, заеднички градат Национален систем за вештачка интелигенција. Носител на овој проект е Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) приук УКИМ во Скопје, со силна институционална поддршка од Министерството за дигитална трансформација и Владата, истакна Андоновски.

Проектот „Везилка“ е избран за финансирање преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPС, а вкупната вредност изнесува нешто помалку од шест милиони евра. Финансиран е од ЕУ со кофинансирање од страна на Министерството, Владата и ФИНКИ.

  • Со овој проект Македонија се позиционира како активен дел од европската мрежа на центри за вештачка интелигенција што претставува огормен исчекор за нашата научна и технолошка заедница. Како што наведе вчера претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ЕУ препозна дека капацитетот на моќ на супер компјутерите и инфраструктурата за вештачка интелигенција е фундаментален преудслов за технолошка автономија и конкуретност. Во таа насока таа најави дека овие фабрики за Вештачка интелигенција ќе се оторат и за Западен Балкан вклучително и со антени и во Македонија и во Србија – рече Андоновски.

Како што појасни тој, „Везилка“ е планирано да функционира како придружен центар на Европската фабрика за вештачка интелигенција (ФАРОС), со седиште во Грција. Ова партнерство, според Андоновски, ќе овозможи директен пристап до европски супер компјутери и напредни податочни простори што ќе биде достапно за јавни институции, стартапи, компании и истражувачи.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top