Бизнис

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

Цените на становите во Скопје во првиот квартал од годинава се зголемиле за 16,7% во однос на истиот квартал лани, покажуваат податоците на Народната банка. Во однос на последниот квартал лани, кога цената на становите порасна за дури 25%, цените на становите се зголемиле само за 0,1%, што укажува на мало забавување на растот на цените од почетокот на годината.

Крајот на минатата година, според извештајот на Агенцијата за катастар на недвижнини, бил најактивен за продажба на недвижнини. Тогаш бил направен промет од со промет од 314 милиони евра.

Според овој извештај, во цела 2025 година се продадени повеќе од 7.700 станови. Иако бројот на продадени станови бил во благ пад од 3,9%, нивната вредност пораснала за 10,8%.

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

Од Катастарот предвидуваат дека во 2026 година ќе продолжи трендот на умерен раст. Се очекува зголемен интерес за инвестиции и натамошен пораст на цените кај закупнините.

За потсетување, Народна банка го пресметува индексот на цени на станови врз основа на огласени, а не реализирани цени за продажба на станови.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top