Бизнис

(Видео): Нема да има енергетски шокови оваа зима – има доволно нафта, рече премиерот

Владата на Македонија тврди дека земјата е целосно подготвена за предстојната грејна сезона, најавувајќи стабилни цени и снабдување со енергенси, па дури и можност за поевтинување на струјата. Од друга страна, опозицијата предупредува на нереални слики во економијата и очекува нови бранови на поскапувања.

Сакам да ги уверам граѓаните дека ќе имаме стабилна зима, со стабилно снабдување на енергенси, без осцилации во цената или количината, рече премиерот Христијан Мицкоски. Напомена дека Владата работи на тоа, од јануари цената на струјата да биде пониска или да продолжи евтината тарифа. И во однос на гасот, премиерот не очекува какви било шокови, иако смета дека е можно во европски рамки цената двојно па дури и тројно да се зголеми.

  • Зголемената цена на струјата е на берзите, не кај нас. Кај нас цената на електричната енергија што ја плаќаат граѓаните откако е оваа Влада не е покачена и така ќе остане. Работиме на таа проблематика и од јануари цената најмалу да остане иста, а работиме и на тоа да има поевтинување или продолжување на евтината тарифа. Ние навреме ги чувавме нашите акумулации, тие се сега некаде на 50 отсто, се ремонтираат или завршуваат ремонтите во термоенергетските постројки. Временската прогноза вели дека полната грејна сеозна би почнала меѓу 2-ри и 5 ноември, а до тогаш целокупните подготовки ќе бидат завршени иако веќе три четвртини се завршени, истакна премиерот.

Според него, Македонија навреме го потпиша Договорот со Косово околу јагленот со кој значително ќе се намали цената на чинење на произведениот мегават час електрична енергија во нашите производни капацитети.

  • Вода имаме. Од аспект на грејната сеозна и количините на електрична енергија, не очекувам турбуленции. Очекувам најмалку иста состојба како сега, да немаме никакво покачување или скокови. За гасот, не сме голем консумент. Резервите се од 25 – 50 отсто пониски од петгодишниот европски просек и во Европа ќе има голем предизвик поради таквата ситуација во моментов. Очекувам цената на гасот можеби да дуплира па и да триплира оваа зима, но тоа кај нас нема да има големо влијание, зашто ние најчесто користиме когенеративни постројки кои исотвремено произведуват топла вода за згаревање, а потоа од пареата и електрична енергија со што се амортизираат влезните трошоци. Значи, имајќи предвид дека не сме голем консумент и со оглед на технологијата, не очекувам какви било шокови, подвлече Мицкоски.

За нафтата, дополни, се прават калкулациите, а мерки веќе има.

  • Подготвени сме и тоа е успехот што го направи оваа Влада – да дозволи конзум дома и реекспорт. Нема како други држави да воведеме забрана за реекспрот на нафата и нафтените деривати. Веќе имаме поевитни акцизи, прогласена е кризна состојба и како резултат на тие мерки имаме до половина евро за литар пониска цена на бензините, споредено со соседите во регионот. Тоа предизвика да имаме до 50 отсто зголемен козум на некои бензински пумпи посебно во пограничните делови. Инаку, секојдевно разговараме со увозниците, уверени сме дека количини има доволно, продуктоводот е полн, државните резерви се солидни, не гледам во овој момент можност и причина за стравување во текот на зимата. Загрижен сум за тоа – до кога сетоа ова ќе трае и на тоа прашање никој во светот не може да даде одговор, до кога ќе трае кризата, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Бизнис

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

Анализа: Инфлација 2,7% за септември – за една година храната поскапа за 1,7 проценти

Во септември во однос на август нема никаква инфлација, односно трошоците за живот останале непроменети, објави Државниот завод за статистика. Иако ова е позитивна вест, на годишно ниво сè е поскапо од ланскиот септември. Годишната инфлација изнесува 2,7 проценти.

Една година во СЕПА: Над 5 милиони евра заштеди за граѓаните и фирмите

Народната банка останува посветена на натамошна модернизација и приближување на домашниот финансиски систем до европските стандарди и унапредување на платежната инфраструктура што ќе ја зголеми ефикасноста и ќе обезбеди современи, брзи и достапни плаќања за граѓаните и бизнисите.

To top