Бизнис

(Видео): Нови 15.000 работни места, 1.200 градилишта и раст од 3,5%

Премиерот вели дека, ако се погледа номиналниот бруто домашен производ за 2026, не според Владата, не според Христијан, според Меѓународниот монетарен фонд, ќе биде околу 22 милијарди долари.

Во последната година се креирани повеќе од 15.000 нови работни места, последните 2 години се случија 1.200 градилишта, а шест квартали по ред бележиме економски раст од 3,5%. Сето тоа е резултат на поддршка на Владата на инвестиционата активност на компаниите и општините, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски  во одговор на прашање за новата исплатена транша поддршка за компаниите.

  • И доаѓаме до една состојба којашто во моментот е околу 710.000 вработени и под 90.000 невработени, коишто се пријавени. Ако во тие под 90.000 невработени имаме, да речеме околу 30.000 земјоделци. Невработените се водат како работоспособно население од 15 до 65, тоа се две генерации 15 и 16 години, средношколци, а средното образование е задолжително, ќе дојдеме до бројка од отприлика, не повеќе од 35-40.000 невработени, што претставува некаде под 5% од работоспособното население. И ова е историски најниско ниво, од било кога, од кога постои независна Македонија – рече Мицоски.

Тој додаде дека поддршката на Владата, значи поголема инвестициска активност и раст на економијата.

  • Ние шест квартали по ред растеме реално со 3,5%. Ако се погледа номиналниот бруто домашен производ за 2026, не според Владата, не според Христијан, според Меѓународниот монетарен фонд, ќе биде околу 22 милијарди долари. И кога овој период на оваа Влада, ќе се спореди со периодот на претходната Влада, за 3 пати е поголем растот на номиналниот бруто домашен производ, во услови кога бруто домашниот производ во рамките на Еврозоната расте под 1%. Тоа е резултат на ова инвестициска активност од страна на Владата, не само поддршката кон стопанството преку субвенционираните кредити, каде што каматната стапка е под 2%, 1,95%, туку и преку овие проекти, еден од тие проекти е и овој којшто го гледаме тука. Такви имаме повеќе од 1.200 во моментот, значи 1.200 градилишта се случија само во последните 2 години, проекти коишто се директно за заедницата преку локалната самоуправа. И тука Владата не бираше дали се тоа градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ или од владината коалиција, во сите општини, под еднаков критериум се инвестира. И ценам дека овој проект којшто досега акумулираше приближно над половина милијарда евра, прилично доста влијае во целиот овој процес – рече Мицкоски.

Најнови вести од: Бизнис

Предлогот да се исплаќа плата по работен час прифатлив за КСС, Владата вели треба да се разгледаат и да се изанализираат сите предлози

Идејата да се плаќаат вработените по работен час, што ја изнесе Сојузот на стопански комори, е прифатлива и за Конфедерацијата на слободни синдикати. Оттаму велат дека време е да се смени методологијата за пресметка на платите. Владата искажува став дека се отворени за дијалог и разгледување на сите предлози, но дека треба да се направат анализи.

Народната банка ги одбележува Светскиот ден на штедењето и Деновите на финансиската писменост

Народната банка веќе четиринаесетта година го одбележува Светскиот ден на штедењето. Деновите на финансиската писменост се одржуваат по десетти пат и се во организација на финансиските регулаторни институции  ̶  Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за надзор на пазарот на капитал, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со приватниот финансиски сектор и граѓанските здруженија.

Можно ли е во Македонија да се работи четири дена во неделата?!

Просечната потрошувачка кошница во септември изнесувала 58.117 денари, што е за 358 денари или 0,6 проценти помалку во однос на август, но за 1.736 денари, односно 3,1 процент повеќе во споредба со јануари годинава. Ова беше истакнато на седницата на Економско-социјалниот совет, на која социјалните партнери дискутираа и за неработните денови, работата во недела, можноста за воведување четиридневна работна недела и регулирањето на пензискиот стаж.

Алармантна е состојбата со безбедносниот систем во ПИОМ – Андоновски рече дека експерти работат на негова заштита

Државниот завод за ревизија веќе има дадено конкретни препораки до Фондот за пензиското и инвалидското осигурување за тоа како да ги надмине утврдените недостатоци.

To top