Бизнис

Владата најави санкции за компаниите кои нудат плати под минималната

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека ниту една компанија не смее да нуди работа за плата која е пониска од законски утврдената минимална плата и најави контроли и санкции доколку биде констатирано дека навистина се нудат работни места за плати под минималната.

Ниту една компанија во земјава не смее да нуди работа за плата која е пониска од законски утврдената минимална плата, категоричен е министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Тој најави итни инспекциски контроли на терен и казни за сите кои го прекршуваат законот. Реакцијата на министерот следува по информациите во јавноста дека на официјалната веб-страница на Агенцијата за вработување во моментов се нудат дури 9.000 слободни работни места со плати под минималната.

Дурмиши, заедно со директорот на Агенцијата за вработување, денеска го презентираше Новиот оперативен план за вработување за 2026 година, каде одговараше на новинарски прашања за овој сериозен пропуст. Тој најави итен состанок со менаџментот на Агенцијата за вработување и Државниот пазарен и трудов инспекторат.

  • „Ќе имаме состанок и ќе направиме контроли кај овие компании. Ќе ве информираме какви мерки ќе преземеме. Не е важно дали огласите за работа се стари или нови, не може да се нудат огласи со плата под минималната, имаме закон којшто е на сила“, изјави министерот Дурмиши.

Тој испрати јасна порака до бизнис секторот дека државата нема да толерира заобиколување на законските прописи на штета на работниците.

  • „Бидете сигурни дека доколку навистина е така, односно се нудат работни места со плата под минималната, ќе преземеме мерки за тие да бидат санкционирани. Не може ниту една компанија да го злоупотребува законот“, истакна Дурмиши на прес-конференција.

Во следниот период се очекува Трудовиот инспекторат да го прочешла системот на огласување на АВРМ за да се утврди дали станува збор за технички системски пропуст со застанати стари огласи или пак за директно кршење на Законот за минимална плата од страна на работодавачите.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

To top