Бизнис Регион

Внимание: Ако патувате за Грција и ако направите прекршок глоба и до 1.500 евра

Највисоката казна, која достигнува дури 1.500 евра, е предвидена за возачите кои пушат цигара во возило во кое се наоѓа дете помладо од 12 години. Според важечките прописи, ова се смета за сериозно загрозување на здравјето на малолетниците и за ваквиот прекршок нема ниту толеранција, ниту можност за намалување на казната.

Во пресрет на летната сезона 2025 година, грчката сообраќајна полиција значително ги зголеми контролите на патиштата, со акцент на почитување на безбедносните прописи и задолжителната опрема во возилата. Според информациите од повеќе извори, туристите ова лето се посебно под лупа, а казните за дури и најмали прекршоци може да достигнат суми кои сериозно го нарушуваат буџетот за одмор.

Сообраќајната полиција во Грција ќе ги казни сите возачи ако заборавиле да ја понесат задолжителната опрема за патнички возила и ако не ги почитуваат сообраќајните прописи, а казните може да бидат и до 1.500 евра. Како што е наведено на инстаграм-страницата на здружението „Пресретнувач“, сообраќајната полиција во Грција ќе ги казнува и најмалите пропусти, пишуваат медиумите во регионот.

Според написите, за да избегнат казни, ова здружение ги потсетува возачите што треба да имаат во своите возила. Рефлектирачки елек во кабината, а не во багажникот, безбедносен триаголник поставен на 50 до 100 метри, ПП-апарат (S2 – 2 кг) исправен и со валиден сервис, комплет за прва помош, комплетен и непроменет, и резервно тркало или сет за поправка на гуми.

Тие додаваат дека нема оправдување за истекот на периодот за прва помош, а казната за тоа е 100 евра, за непоставениот триаголник исто така 100 евра, за возење во влечки 50 евра, а за пушење во автомобил со деца казната е дури 1.500 евра, пренесува „Танјуг“.

Здружението апелира до возачите да ги почитуваат сите прописи и да бидат информирани за нив бидејќи контролите се секојдневни.

Најнови вести од: Бизнис Регион

(Видео): Рекордна реализација на капиталните инвестиции до сега

Паралелно се работи на сите автопатски делници низ државата, со посебен фокус на проектите што ги реализира конзорциумот „Бехтел и Енка“, дека интензивно напредуваат и железничките проекти со сериозни подготовки за изградба на брзата пруга, додека автопатот Охрид–Кичево конечно се очекува да ја добие својата завршница до крајот на годината.

(Фото): Со изградбата на далноводот Битола-Елбасан се поврзуваме со соседните електроенергетски системи

Електроенергетското поврзување меѓу Македонија и Албанија добива втора шанса. Поставен е камен темелникот на 400 киловолтниот далекувод Битола–Елбасан. Токму со овој проект започнат од 2014 година започна и емисијата Бизнис 21- Истражувањето каде завршија 50 милиони евра за нашето енергетско поврзување со Албанија.

Ќе се јаде скапо јагнешко месо – сточарите го даваат евтино, трговците го продаваат прескапо

Велигденската трпеза и годинава ќе биде сè поскапа. Ниската откупна цена на јагнето нема да ја намали цената на јагнешкото во пресрет на празниците. Одгледувачите на јагниња велат ако не се државните субвенции ќе бидат во загуба.

To top