Бизнис

Ќе се јаде скапо јагнешко месо – сточарите го даваат евтино, трговците го продаваат прескапо

Велигденската трпеза и годинава ќе биде сè поскапа. Ниската откупна цена на јагнето нема да ја намали цената на јагнешкото во пресрет на празниците. Одгледувачите на јагниња велат ако не се државните субвенции ќе бидат во загуба.

Од над 800 до 1.000 денари по килограм. Толку во моментов се продава јагнешкото месо во месарниците во пресрет на празниците. Наспроти крајната цена, одгледувачите на јагниња велат дека ако не се државните субвенции, ќе се во загуба, зашто и онака нема кадар. Ниската откупна цена на јагнето, велат, нема да ја намали цената на јагнешкото во пресрет на празниците.

  • „Годинава беше тешка за нас, но за разлика од ланската, каде килограм јагнешко се продавало за 220 денари, сега е малку подобро. Но сепак, се е поскапено, од ѓубриво, до производ.“ велат сточари во изјава за МРТ1.

Најголемиот ќар од нивната мака, го имаат трговците, кои го купуваат јагнето по цена речиси тројно пониска од онаа во месарниците. Празничната трпеза по се изгледа и годинава ќе биде сè поскапа.

Само лани, според АХВ, на европскиот пазар биле извесени близу 100.000 јагниња. Најмногу во Хрватска, 44.000, потоа во Бугарија 25.000, а над 8.400 грла завршиле на грчкиот пазар.

 

 

Најнови вести од: Бизнис

АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити

Од првите штедни навики кај најмладите до конкретните можности за штедење на граѓаните, АЛТА банка продолжува да ја поддржува културата на штедење како важен дел од финансиската сигурност и стабилност.

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Најнови вести

To top