Бизнис

(Фото): Со изградбата на далноводот Битола-Елбасан се поврзуваме со соседните електроенергетски системи

Електроенергетското поврзување меѓу Македонија и Албанија добива втора шанса. Поставен е камен темелникот на 400 киловолтниот далекувод Битола–Елбасан. Токму со овој проект започнат од 2014 година започна и емисијата Бизнис 21- Истражувањето каде завршија 50 милиони евра за нашето енергетско поврзување со Албанија.

Со изградбата на далноводот Битола – Елбасан стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на поставувањето камен-темелник за изградба на 400 киловолтен далновод, долг околу 100 километри, од ТС „Битола 2“ на граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница.

Според него, тоа не е само еден инфраструктурен проект, туку симбол на поврзување, стабилност, како и за иднината на државата во европското енергетско семејство.
– „Интерконективниот далновод Битола – Елбасан е симбол на една затворена празнина која со години стоеше како пречка на нашиот пат. Коридорот 8, кој треба да биде артерија на економијата, долго време имаше прекин во својата енергетска мрежа. Денес, со овој проект, таа празнина конечно се затвора“, рече тој.
Посочи дека со неговата изградба се воспоставува последната енергетска врска што недостасува со нашите соседи оти по првпат стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи.
– „Тоа значи повеќе сигурност за граѓаните, повеќе стабилност за стопанството и повеќе можности за развој“, кажа премиерот.

Министерката Сања Божиновска во својот говор потенцираше:

  • „Денеска стоиме пред проект кој ја одбележува иднината на македонскиот енергетски систем. Со 400 kV интерконективниот далекувод ја засилуваме преносната мрежа, го зголемуваме капацитетот за пренос и ја зацврстуваме нашата позиција во регионалните енергетски текови. Овој проект е порака до инвеститорите, дека нашата преносна инфраструктура е подготвена за идната економија и зелена транзиција.“

Проектот не само што ја зголемува сигурноста и стабилноста на електроснабдувањето туку овозможува поголема интеграција на обновливи извори на енергија, поттикнува инвестиции во енергетскиот сектор и го затвора единствениот отворен крак во националниот преносен систем.

Историјата на проектот покажува дека преку стратешки одлуки на МЕПСО, 51,2% од опремата е веќе обезбедена и ќе биде користена од новоизбраниот изведувач, што обезбедува континуитет на инвестицијата и заштита на државниот интерес.

Со оваа интерконекција, Македонија и Албанија го јакнат регионалното партнерство, овозможуваат стабилна размена на зелена енергија и испраќаат јасна порака за доверливост во европските енергетски политики.

Проектот опфаќа изградба на далекувод со должина од 97,5 км на македонска територија, поставен на 269 челично решеткасти столбови, трансформаторска станица во близина на Охрид и далекуводно поле во ТС Битола 2, со рок на извршување од 900 дена (30 месеци).

Проектот е финансиран и поддржан од меѓународните партнери, меѓу кои и ЕБОР и ЕУ, и е примарен дел од регионалниот енергетски Коридор 8. Со неговото реализирање, Македонија го потврдува својот стратешки интерес за модерна, стабилна и зелена енергетска иднина.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top