Бизнис

Во скопскиот регион се создава половина од бруто-домашниот производ

Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Македонија, имаат Скопскиот Регион со индекс 138,2 и Југоисточниот Регион со индекс 111,6. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Македонија. 

Скопскиот регион учествува со 45,9% во бруто-домашниот производ, а Североисточниот Регион со 4,5%, објави Државниот завод за статистика. Во 2023 година, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Македонија има Скопскиот Регион со 45,9 %, додека најмало учество има Североисточниот Регион со 4,5 %.

Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Македонија, имаат Скопскиот Регион со индекс 138,2 и Југоисточниот Регион со индекс 111,6. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Македонија.

Со 16,8 %, Пелагонискиот Регион има најголем пораст на бруто-домашниот производ во однос на 2022 година.

Со 107,6 %, Полошкиот Регион има најголем пораст на бруто-инвестициите во основни средства во однос на 2022 година.

Во 2023 година, најголемо учество во бруто-инвестициите во основни средства има Скопскиот Регион со 53,2 %.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top