Хроника

13-годишното дете кое беше прободено во срце е стабилно, движењето на срцето е во ред, но сè уште е во животна опасност

Министерот за здравство, Сашо Клековски, информира дека 13-годишното дете кое беше прободено во пределот на срцето во Чаир и натаму е во тешка состојба. „Последната информација ми е, за жал, од вчера: сè уште е стабилно, но во животнозагрозувачка состојба“, изјави Клековски. Како позитивна околност, тој посочи дека движењето на срцето е уредно, односно дека […]

Министерот за здравство, Сашо Клековски, информира дека 13-годишното дете кое беше прободено во пределот на срцето во Чаир и натаму е во тешка состојба.

„Последната информација ми е, за жал, од вчера: сè уште е стабилно, но во животнозагрозувачка состојба“, изјави Клековски.

Како позитивна околност, тој посочи дека движењето на срцето е уредно, односно дека кинетиката на срцевиот мускул е во ред. Сепак, Клековски нагласи дека детето и натаму е во животна опасност.

„Од добрата страна, кинетиката, движењето на срцето, е во ред; меѓутоа сè уште е во животна опасност“, рече Клековски.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top