Хроника

Адвокатка осудена затоа што клеветела колега за додворување на клиентки

Објавена пресудата за случајот за удварање на клиент(к)и и заглавување во трошоци

Битолскиот суд пресудил дека адвокатката Катерина Котеска Стисниковска е виновна за клеветење на адвокатот Јанаки Митровски кој според неа заглавувал клиенти во трошоци и им се додворувал.

,,Основниот суд Битола утврди дека адвокат Катерина Котеска Стисниковска е одговорна за изнесени клевети и навреди кон адвокат Јанаки Митровски. Пресудата е потврдена од Апелациониот суд Битола.
Коските си ги оставив за македонската адвокатура. Преку личен пример се обидувам да пренесам на младите генерации љубов кон работата, резистентност на партиски подлизурковци, непочит кон партиско политички инсталации во судството.
За жал македонската адвокатура е преполна со завист и злоба, едноставно кај нас успехот не се простува. Па така колешката Катерина, ничим изазвана, во некоја фб група во услови кога некој ме препорачал за предмет, истури салги на лаги и клевети за мене.
Се мислев дали воопшто да се занимавам со нејзе бидејки имам попаметни работи. Но, верувам во одговорност.
Судењето беше посебно доживување, не би изнесувал детали од почит, пред се кон судијата и поротниците, кои имаа неблагодарна задача да не трпат.
Клевета кон колега адвокат патем е дисциплинска повреда и секако ќе ја проследам пресудата до адвокатска комора”, објави Митровски.

Тој ја објави и пресудата во која е наведено дека Митровски не заглавувал клиенти во трошоци и не им се додворувал на клиентки.

Пред 3 години Катерина Котеска Стисниковска беше хероина која го доби предметот Битолска јавна соба каде беа објавувани фотографии од жени и девојки без нивна согласност.

Фото: Принт скрин Фејсбук профил на ККС

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top