Хроника

Без возачка, без мотор и без автомобил: Кавадарчанец санкциониран двапати во еден ден

Кавадарчанец без возачка приведен напладне, па повторно вечерта

Кавадарчанец бил двапати приведен во ист ден, откако прво бил затекнат како вози мопед без возачка, а откако бил пуштен бил фатен како управува возило.

Првиот инцидент се случил околу 12:30 часот на улицата Дисанска во Кавадарци, кога полициска патрола запрела мопед со локални регистарски ознаки. При контролата било утврдено дека 34-годишниот возач не положил возачки испит. По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а мопедот бил одземен.

Само неколку часа подоцна, околу 20:10 часот на улицата Љубљанска, полицијата повторно го затекнала истиот маж – овојпат зад волан на патничко возило „фолксваген голф“. И во овој случај било утврдено дека управува без возачка дозвола.

Возачот повторно бил лишен од слобода, а возилото било привремено одземено. По целосното расчистување на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Од полицијата предупредуваат дека контролите продолжуваат и апелираат граѓаните да не седнуваат зад волан без положен возачки испит, бидејќи со тоа ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот.

Најнови вести од: Хроника

Најнови вести

To top