Хроника

Девет полицајци ќе одговараат затоа што не ги спроведувале мерките за заштита на Росица

Обвинението е резултат на опсежни истражни дејствија

Девет полициски службеници од Велес денеска се соочуваат со обвинение за злоупотреба на службената положба и неизвршување на судска одлука, откако не постапиле соодветно по пријавите на Росица Коцева за семејно насилство.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција утврдило дека во периодот од 21 февруари до 15 септември 2025 година тие не ги извршувале своите должности, со што тешко ги повредиле правата на Росица, вклучително и нејзиното уставно право на живот, како и правата од членовите 2 и 3 од Европската конвенција за човекови права.

Иако Росица постојано пријавувала семејно насилство и барала заштита, полициските службеници, според обвинението, не постапувале согласно законските обврски за заштита на жртвите.

Не биле почитувани одредбите од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, ниту правилата за процена на ризик по животот и интегритетот на жртвата. Особено сериозен е наодот дека не постапувале ниту кога веќе постоеле судски мерки за заштита.

„Во услови кога биле изречени судски мерки за заштита на жртвата од семејно насилство, тие не постапувале по итните мерки за заштита“, соопшти Обвинителството.

Дел од обвинетите, иако постапувале по пријавите, не го известиле надлежниот јавен обвинител, а доказите ги чувале во просториите на Одделението за општ криминалитет при ОКП Велес, без да поведат постапка.

Обвинението е резултат на опсежни истражни дејствија спроведени од јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања.

Росица пријавувала. Судот изрекувал мерки. Полицијата имала законска обврска да постапува. Но, според Обвинителството, деветмина службеници не ја исполниле таа обврска, а Росица денес не е жива.

Најнови вести од: Хроника

Осум месеци затвор за Игор Дашковски, потпалувачот на автомобили на бугарската амбасада – Пресудата сè уште не е правосилна

Основниот кривичен суд Скопје го осуди 44-годишниот Игор Дашковски Стојановски на осум месеци затвор за палењето две дипломатски возила пред Бугарската амбасада во Скопје, што се случи на 15 јуни годинава.

Приведен 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

На 17.11.2026 во периодот од 05:45 до 07:25 часот, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК, во содејство со полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане при СВР Тетово, извршиле претрес во дом и помошни простории кај А.Д.(18) во с.Радиовце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело лажна дојава за бомба во гимназијаts „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

На 27 ноември почнува судењето против Кристијан Корабоски (31), обвинет за претепувањето на Сара Ѓорѓиеска од Охрид

На Корабоски му е определен 30-дневен притвор откако против него беше поднесено обвинение за телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.

Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување фатен со поткуп од 500 евра!

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ спровеле полициска акција во која е лишен од слобода раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување, осомничен за примање поткуп, неофицијално дознава Курир.

To top