
Легендарниот џигер на скара кој што пред три децении почна да го прави рецептот кој ја прослави оваа скопска кафеана има свој модифициран наследник кој во себе ги содржи сите најубави вкусови на македонската кујна.
Овој ,,Џигер во марамица” се јаде во кафеаната Софра во скопската населба Хиподром според многумина е најубавиот оброк на скара кој се јаде во моментов во Македонија.
Џигерот е телешки, марамицата во која обвиткан е свинска а тајниот рецепт е непознат за јавноста.
Луѓе што го јаделе не можат да ги наведат сите прекрасни вкусови но препознаваат нијанси на повеќе вкусови на производи кои ги користиме секој ден како сенф, мед и млеко.
Според мекоста на џигерот кој буквално се топи во устата тој е чуван во маринада која ја знаат само мајсторите од кујната во Софра.
Доказ дека овој Џигер е меѓу најубавите вкусови од македонската кујна се и српските туристи кои на одење или на враќање од Грција застануваат во Софра да го пробаат тоа што се нуди како специјалитет на куќата.
Овој текст не е комерцијална презентација или скриена реклама туку искрена благодарност на читател на expres.mk за вкусовите што ги дава џигерот од Софра.