Хроника

Еден автор, две книги, многу мисли, анализи и факти

Едната е научна фантастика а втората е стручна и многу актуелна

Македонскиот новинар, публицист и писател Валентин Нешовски идната недела ќе промовира две книги.

Едната е од жанрот научна фантастика и носи наслов Кафеана на почетокот и крајот на универзумот.

Промотори на оваа книга се отец Теофан и ека новинарот Миле Бошњаковски.

Другото дело е стручна книга која се однесува на улогата на медиумите во посконфликтните општества и е со наслов: Конфликт, мир и медиуми.

 

Ова дело ќе го промовира професорката Ана Чупевска.

 

,,Знам, веројатно ќе помислите претерува, но ве поканувам сите на промоција на нови две книги од мене. Едната е последната во трилогијата научна фантастика, во издание на Антолог, другата во издание на Полица, стручна, пишувана далечната 2004, но никогаш објавена. Посветена е на мојата ќерка Ана, која ја сакаше и безброј пати ја препрочитуваше. Ве очекувам идната среда во салон 19.19 во 19 часот”, објави Нешовски кој преходно објави повеќе книги.

Најнови вести од: Хроника

Девет лица приведени за 24 часа, меѓу кои и малолетник – возеле без дозвола и под дејство на алкохол

Во засилени полициски контроли спроведени во изминатото деноноќие низ целата држава, лишени од слобода се девет возачи, дел возеле без дозвола, дел под дејство на алкохол, а еден и покрај активна забрана. Со еден родител бил извршен службен разговор поради безобѕирно управување со возило.

Кривична против седум поединци, меѓу кои има и цариници, и две правни лица за фалсификување документи при увоз на „Мерцедес-Мајбах“

Одделението за истраги, при Секторот за контрола и истраги, откри организиран криминал во кој луксузно употребувано возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година било пуштено во слободен промет и успешно регистрирано со помош на фалсификувани документи со што Буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари.

Полицајците двапати го апселе кавадарчанецот К.М. (34) во еден ден, откако бил фатен без возачка дозвола!

На 15.03.2026 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода К.М.(34) од Кавадарци. При сообраќајна контрола во 12:30 на улица „Дисанска“ во Кавадарци, полициските службеници запреле мопед со кавадаречки регистарски ознаки, кој го управувал, при што констатирале дека го управувал без положен возачки испит.

To top