Хроника

Македонски државјанин ќе оди в затвор за убиство на две овци

За неоправдано убиство, казната изнесува од 6 месеци до 4 години ефективен затвор

Во малото питорескно место Касале Сул Силе во близина на градот Тревизо во регионот Венето се случил невообичаен инцидент во кој учествувал насилник со македонски пасош.

Возејќи автомобил насилникот удрил а потоа и усмртил две овци од стадо.
Притоа му се заканувал и му викал на офчарот и сопственик на стадото овци низ кое со возилото поминал возачот.

Како последица на овие дела, а по пријава на полицијата, италијанското јавно обвинителство против 36-годишен македонски државјанин поднесло обвинение.

Насилникот наскоро треба да се појави пред судија каде го очекува казна затвор до 48 месеци.

Во Италија според строгиот закон за заштита на животните (познат како Закон Брамбила) кој стапи на сила во јули 2025 година, за убиство на животно сторителот може да добие од 6 месеци до 4 години затвор, како и парична казна до 60.000 евра.

Овој закон ги признава животните како чувствени суштества кои имаат свои права, со што значително се зголемија претходните казни.

Правните санкции во Италија се поделени во неколку категории.

За неоправдано убиство, особено ако е извршено со суровост или му претходи продолжено страдање на животното, казната изнесува од 6 месеци до 4 години ефективен затвор.

За намерно нанесување повреди, мачење или тешка злоупотреба, предвидена е затворска казна до 2 години и парична глоба до 30.000 евра.

Доколку мачењето или убиството на животното е снимено и споделено на социјалните мрежи (интернет) или пак е извршено во присуство на малолетници, затворските казни се дополнително зголемени и судот почесто изрекува максимални санкции.

Најнови вести од: Хроника

Врсници тепале малолетник во училиштен двор во скопски Бит-Пазар и го снимале со мобилен, па објавиле на интернет

Неколку малолетници нападнале дете во двор на основно училиште во Скопје. Нападот бил снимен со мобилен телефон, а снимката потоа била објавена на интернет.

Кривична пријава против ексградоначалникот на Струмица Костадинов, С.Р. (38) и Ј.П.(60), поради „злоупотреба на службената положба“ и „фалсификување исправа“

СВР Струмица до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против Костадин Костадинов (36) од Струмица, поранешен градоначалник на Општина Струмица, С.Р. (38) од Струмица, поранешна  раководителка на Сектор за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште при Општина Струмица и против Ј.П.(60) од Битола, тогаш управител на правно лице од Битола (сега ликвидирано). Постојат основано сомневање дека Костадин Костадинов и С.Р. сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, а Ј.П. сторил кривично дело „фалсификување исправа“.

To top