Спорт

Гаштаров и Растодер стрелци, Елмас асистент во Конференциската лига

Големата надеж на македонскиот фудбал ѝ донесе реми 1:1 на Црвена звезда кај Гент пет минути пред крајот од мечот во Белгија

Македонските фуидбалски репрезентативци имаа забележлив настап во вечерашните натпревари од четвртото коло во Конференциската лига, директно влијаејќи врз резултатите на своите екипи.

Матеј Гаштаров со голот во 85. минута ја спаси Црвена звезда од пораз на гостувањето во Белгија, кадешто некогашниот европски шампион ремизира 1:1 со Гент.

Елмин Растодер запиша по еден гол и асистенција, но Панатинаикос загуби со 3:2 на гостувањето во данска кај Нордсјиланд. Македонскиот напаѓач во 55. минута зголеми на 2:0, а претходно асистираше за водечкиот погодок за гостите од Грција во 45. минута.

Елиф Елмас влезе во игра во 78. минута, за во третата минута од судиското продолжение да асистира за победничкиот гол на Аталанта во триумфот со пресврт од 3:2 над Борац во Бања Лука, чиј лев бек и македонски репрезентативец Себастијан Ерера доби црвен картон две минути пред крајот.

Мајсторијата на Гаштаров во Белгија во видеото:

Најнови вести од: Спорт

To top