Хроника

МВР казни 4 ,,шерифи” кои блокирале скопски булевар со возила

Санкционирани четири возачи кои непрописно со возила блокираа булевар во Скопје

Во врска со видеото кое беше споделено во дел од медиумите на кое се гледа како на бул.”Јане Сандански” во Скопје од страна на неколку возила е попречен сообраќајот, денеска (11.10.2026) во Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје повикани се Д.Г.(28) кој управувал патничко возило “ауди” со скопски регистарски ознаки, М.П.(25) кој го управувал патничко возило “бмв” со скопски регистарски ознаки, Љ.Б.(48) кој управувал патничко возило “ауди” со скопски регистарски ознаки и С.С.(23) кој управувал патничко возило “сузуки” со скопски регистарски ознаки.

Кон лицата преземени се соодветни мерки по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за сторен сообраќаен прекршок и ќе се соочат со законски предвидените глоби.

Во видеото на МВР се гледа дека се работи за свадба на која се веат знамиња со сонцето од Кутлеш.

Видеото на овој линк

https://www.facebook.com/share/r/1DzFhfzXvd/

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top