Хроника

Покренато обвинение за Крмзов, ОЈО бара продолжен притвор

Даночна измама тешка 22 милиони евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) соопшти дека обвинителниот акт и обвинителниот предлог против сопственици и управители на фирми, како и сметководители, за незаконски поврат на ДДВ во износ од околу 22 милиони евра, се одобрени и стапиле во сила, а се доставени до Основниот кривичен суд Скопје.

Заедно со обвинението, доставен е и предлог за одземање и конфискација на предмети, подвижен и недвижен имот што потекнува од кривично дело, а кој претходно со привремени мерки е замрзнат, како и предлог за продолжување на мерката притвор за првообвинетиот, односно укинување на мерката притвор и определување мерки на претпазливост за второобвинетиот.

По спроведената истрага, ОЈО поднесе Обвинителен акт против струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов и против 7 лица, како и Обвинителен предлог за 3 лица и 13 фирми за даночна измама.

Во актот против 7 лица се вели дека извршиле  „Злосторничко здружување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“, како и дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело „Даночна измама“.

Двајца од обвинетите, покрај наведените кривични дела, се обвинети и за продолжено кривично дело „Даночно затајување“.

Обвинителниот предлог се однесува против 3 физички лица за продолжено кривично дело „Несовесно работење во службата“, како и против 13 правни лица за продолжено кривично дело „Даночна измама“.

Според обвинението, истражната постапка утврдила дека на почетокот на 2019 година, на територијата на Република Македонија, првообвинетиот, заедно со уште двајца обвинети, како сопственици и управители на обвинети правни лица со намера да стекнат противправна имотна корист, создале група со цел вршење на кривичните дела „Даночно затајување“, „Даночна измама“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

На групата, како припадници, се приклучиле уште четворица обвинети, исто така во својство на сопственици и управители на обвинети правни лица.

„Злосторничкото здружение најпрвин имало за цел формирање на правни лица на кои припадниците биле формално назначувани за сопственици и управители, со цел остварување право на поврат на ДДВ, кое би им било оневозможено доколку организаторите биле формални сопственици и управители“, се вели во соопштението од Обвинителство.

Обвинетите, во име и за сметка на обвинетите правни лица, изготвувале и меѓусебно разменувале фактури со невистинита содржина, како поврзани лица за целите на ДДВ, спротивно на одредбите од Законот за данок на додадена вредност, Законот за данок на личен доход, Законот за данок на добивка и Законот за даночна постапка. Во фактурите внесувале податоци за наводно извршен промет на недвижности, за кој знаеле дека не бил извршен и дека за истиот не биле извршени плаќања преку банкарските сметки на правните субјекти.

„За периодот од 2019 до 2024 година, во поднесуваните даночни пријави неосновано било користено правото на влезен ДДВ. Обвинетите – овластени сметководители, како службени лица, пропуштајќи должен надзор, несовесно постапувале спротивно на Законот за сметководствени работи, Законот за трговски друштва, Законот за данок на додадена вредност и Меѓународните сметководствени стандарди. Постапувајќи по насоки на организаторите, тие ги евидентирале фиктивните фактури за наводни продажби на недвижности и истите ги прикажувале во даночните пријави за ДДВ поднесени до Управата за јавни приходи, со цел неосновано да се бара поврат на данок или да се намали даночната обврска на обвинетите правни лица“, се вели во соопштението од Обвинителство.

Со овие дејствија, како што информираат од Обвинителство, во даночните пријави бил прикажан повисок влезен ДДВ во вкупен износ од 4.123.102.931 денари, по основ на фиктивни договори за купопродажба на недвижен имот, при што била прибавена противправна имотна корист преку незаконски поврат на ДДВ и користење на институтот на даночни гаранти. Од Управата за јавни приходи бил исплатен незаконски поврат на ДДВ во износ од 1.348.996.831 денари.

„Средствата, за кои обвинетите знаеле дека потекнуваат од кривично дело, биле внесени во платниот промет и префрлани меѓу правни лица со цел прикривање на нивното потекло. Дел од средствата биле употребени за купопродажба на имот, враќање кредити кон банки, подигање готовина, како и за плаќање добавувачи на градежни материјали за изградба на станбени комплекси. Со износ од 457.785.310 денари биле покривани даночни долгови на обвинетите и на други правни лица“, се вели во соопштението.

Кривичната пријава против три лица осомничени за кривични дела Злосторничко здружување, Даночна измама и Перење пари и други приноси од казниво дело и против двајца осомничени за кривично дело Несовесно работење во службата е отфрлена бидејќи не постои основано сомнение дека пријавените ги сториле кривичните дела. Воедно, списите што се однесуваат на постапувањето на даночните инспектори се доставени на надлежно постапување на ОЈО Струмица.

Најнови вести од: Хроника

Шефови во УЈП и бизнисмени осомничени за криминал тежок 4,8 милиони евра

Заврши распитот на осумте приведени лица поврзани со вчерашната обемна акција во Управата за јавни приходи, по што Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка притвор во траење од 30 дена. Како што информира Судот, по нивното произнесување, како и по оценка на фактите и приложените докази, бил прифатен предлогот на обвинителството и на сите осум осомничени им е определен притвор поради постоење на сите три законски основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци, како и ризик да го довршат или повторат кривичното дело.

Пијан скопјанец ја претепал партнерката, ја давел и ѝ се заканувал со нож

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – телесна повреда и загрозување на сигурноста според Кривичниот законик. На 14 јануари, во видно алкохолизирана состојба, осомничениот ја нападнал својата партнерка во домот во Гази Баба во кој таа привремено престојувала. Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот, а и се заканил и со нож со кој замавнал кон неа.

Жител на Чучер Сандево се заканувал дека ќе ја запали сопругата и ќе ја убие со двете ќерки, му нашле автоматска пушка и над 70 куршуми

Осомничениот, на 13 јануари, во својот дом во Чучер Сандево, држел автомат STEN MKII кој им е целосно забранет на граѓаните, како и 71 куршум муниција со калибар 9 мм соодветна за испукување од тоа автоматско оружје.

Албанскиот конзул ја спасил од нацистите – почина најстарата битолчанка која го преживеа Холокаустот

Во Бостон, САД, на 108-годишна возраст почина Рејчел Нахмијас, најстарата преживеана Еврејка од Битола и една од ретките членови на битолската еврејска заедница што го преживеа Холокаустот.

Најнови вести

To top