Хроника

Прободениот ученик во Ченто во стабилна, но критична состојба, Стефковски со остра осуда

Насилството не може да се оправда со ништо, порача градоначалникот на Гази Баба за настанот што ја вознемири јавноста

Ученикот од основно училиште во скопската населба Ченто, прободен со нож во училиштето од поранешен ученик, се наоѓа во стабилна состојба, но и понатаму во животна опасност.

„Пациентот има 14 години и е примен вчера околу 14:40 часот со убодна рана во пределот на стомакот и расекотина на главата. По приемот, извршена е компјутерска томографија и лабораториски тестови и итно е префрлен на интензивна нега, каде што е утврдена индикација за итна операција. Пациентот е опериран вчера. Неговата состојба е стабилна денес, но сепак е во животна опасност. Има оштетување на црниот дроб и на долната шуплива вена, која е вена во пределот на стомакот“, изјави Игор Мерџановски, директор на ТОАРИЛУЦ.

За немилиот настан во неговата општина се огласи и градоначалникот Бобан Стефковски со остра осуда.

„Со жалење и сериозна вознемиреност ја примив информацијата за немилиот настан кој се случил во училиште во Ченто, каде што еден поранешен ученик, кој минатата година го завршил своето образование во ова училиште, дошол и повредил ученик од деветто одделение. Во разговор со членови на семејството на повредениот ученик информиран сум дека детето е во добра здравствена состојба и се наоѓа на болничко лекување. Како градоначалник на Општина Гази Баба изразувам најостра осуда на ваквиот чин. Насилството не може да се оправда со ништо“, реагира тој.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top