Хроника

Пронајден починат македонски државјанин кој исчезна во Брисел пред 22 години

Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во Брисел му припаѓал на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се води како исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција

 

Белгиската полицијата бара евентуални сведоци или некој што ќе може да даде какви било информации за Рахмановски или за неговото исчезнување.

Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во бриселската населба Форест му припаѓал на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се води како исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција.

Скелетот бил пронајден при реновирање на куќата во јули 2025 година, по што е предаден на форензичка анализа.

По неговата анализа е утврдено дека тој му припаѓа на Рахмановски, роден во Македонија во 1976 година.

Според полициското досие, Рахмановски последен пат бил виден вечерта на 16 јули 2003 година, кога го напуштил своето работно место. Оттогаш му се губи секаква трага и сè до идентификацијата на неговиот скелет полицијата немала никави сознанија што се случило со него.

Полицијата информира дека врз основа на форензичкиот наод е издаден налог за претрес на куќата со надеж дека ќе се добијат повеќе информации за тоа што се случило со жртвата.

Белгиската полицијата воедно бара евентуални сведоци или некој што ќе може да даде какви било информации за Рахмановски или за неговото исчезнување.

Во соопштението на полицијата се нагласува дека со секоја доставена информација ќе се постапува „дискретно“. (МИА)

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top