Хроника

Пронајдени двете жени кои се загубиле кај Дрисла

Сепак биле македонски државјанки

Двете жени, кои денеска пријавија дека се загубиле, се пронајдени на пат помеѓу скопските села Долно Количани и Батинци, но тие не се странски државјанки, туку се од земјава, соопшти Центарот за управување со кризи.

Жените се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево.

– Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Македонија, наведува ЦУК.

Претходно соопшти дека преку единствениот број за итни повици 112 била добиена информација дека две жени кои патувале со возило, се изгубиле во реонот на патот кон Дрисла.

– ЦУК е во постојана комуникација со МВР и Полициската станица Драчево, од каде е побарано упатување екипа на терен. Полициска екипа од ПС Драчево е веќе упатена кон локацијата и постапува по случајот. Акцијата е во тек, информираше попладнево ЦУК.

Најнови вести од: Хроника

Уапсени седум безобѕирни возачи, меѓу нив пијани, со забрани, и еден малолетник!

Седум возачи завршија во полициска станица во изминатото деноноќие, поради безобѕирно возење на патиштата низ државата. Меѓу нив имало и малолетник зад волан. Најголем дел од приведените, четворица, возеле без возачка дозвола. Еден од нив бил малолетник, кој бил затекнат како управува возило во Тетово. Други случаи на возење без дозвола биле забележани  во Гостивар, Кавадарци и Прилеп.

To top