Хроника

Речиси половина час го удирал со метална шипка по целото тело – ОЈО отвори истрага за убиството во Стар Дојран

ОЈО Гевгелија отвори истрага за убиство и бара притвор

Основното јавно обвинителство Гевгелија отвори истрага против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело убиство од член 123, став 1, од Кривичниот законик (КЗ).

Имено, станува збор за случајот од викендов, во кој, како што информираa од Министерството за внатрешни работи (МВР) во неделата, 53-годишен жител од Богданци со иницијали Н. Т., почина во гевгелиската болница како последица на тешки телесни повредени што му биле нанесени во физичка пресметка со друго лице во Стар Дојран.

Полицијата тогаш го уапси 55-годишниот жител на дојранското село Сретеново со иницијали В. Р. поради сомнение дека учествувал во физичката пресметка.

Од Јавното обвинителство  денеска соопштија повеќе детали во врска со убиството, кое, како што наведуваат оттаму, осомничениот го извршил со умисла.

Според описот на делото, починатиот Н. Т. претходно бил во пријателски односи со осомничениот и двајцата во саботата попладне (1 ноември) заедно седеле на скали и пиеле пред угостителски објект во Сретеново.

Претепал до смрт 53-годишен маж од Богданци, осомничениот е уапсен

„Во еден момент меѓу нив настанала вербална расправија, која преминала во физичка пресметка“,наведуваат од Обвинителството.

Осомничениот првин почнал да го удира Н. Т. со раце и со нозе, а потоа и со метална шипка по рацете, нозете и главата, нанесувајќи му повеќе од десет скршеници.

Ударите, според Обвинителството, траеле речиси половина час, од кои оштетениот не успеал да се одбрани и се здобил со тешки телесни повреди и обилно крвавење.

Откако престанал, осомничениот го оставил својот пријател на скалите и побегнал.

Повредениот го забележале случајни минувачи кои повикале итна медицинска помош, по што тој бил пренесен во болницата во Гевгелија, каде починал од тешките повреди.

Најнови вести од: Хроника

Македонец добил отказ, па со шише бензин ја запалил пицеријата, а на сопствениците им испратил снимки

Македонски државјанин, С.Г. (46), е уапсен во белградската општина Вождовац под сомнение дека од одмазда ја запалил пицеријата во која до неодамна работел, а потоа им испратил снимки од пожарот на своите поранешни работодавци.

Salt Bae: Како се создаде бренд, но и како една грешка го урна

Приказната за Salt Bae (Нусрет Гокче) е класичен пример за тоа како во 21 век виралноста може да создаде огромна слава и бизнис-империја за кратко време, но и колку брзо една грешка или серија грешки може да го сруши сè што е изградено, па дури и да предизвика поголеми загуби.

Најнови вести

To top