Хроника

Скопјанец сакал да ја тепа колешката на работа

37-годишен жител на Скопје вчера е уапсен откако негова колешка го пријавила дека ѝ се заканувал и се обидел да ја нападне на работното место, соопшти МВР.

37-годишен жител на Скопје вчера е уапсен откако негова колешка го пријавила дека ѝ се заканувал и се обидел да ја нападне на работното место, соопшти МВР.

„На 05.09.2025 во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(37) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од Р.М.(43) од Скопје, дека околу 10:00 часот во објект во кој и двајцата се вработени, додека извршувала работни задачи, И.С. и упатувал закани и се обидел физички да ја нападне. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветна пријава“, велат од полицијата.

Најнови вести од: Хроника

Уапсени седум безобѕирни возачи, меѓу нив пијани, со забрани, и еден малолетник!

Седум возачи завршија во полициска станица во изминатото деноноќие, поради безобѕирно возење на патиштата низ државата. Меѓу нив имало и малолетник зад волан. Најголем дел од приведените, четворица, возеле без возачка дозвола. Еден од нив бил малолетник, кој бил затекнат како управува возило во Тетово. Други случаи на возење без дозвола биле забележани  во Гостивар, Кавадарци и Прилеп.

Кривична пријава за четворицата битолчани, кои му се закануваа на министерот Тошковски, ем и снимајќи ја таа нивна „забава“!

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа” и „поттикнување”.

To top