Хроника

Лудило на Бит Пазар, за 64 минути три разбојништва во култниот дел од Скопје

Трите насилства се случиле во временски интервал од 1 час и 4 минути

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва се случиле во саботата вечерта во објекти на подрачје на Бит Пазар, информираат од МВР од каде посочуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

-На 21.03.2026 околу 21:21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана со пиштол се обидело да го одземе дневниот промет, но откако не успеало во намерата, физички го нападнало сопственикот на објектот З.В.(61), посочуваат од полицијата.

Во 21:48 часот е пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана со пиштол кон вработената, одзело пари од дневниот промет, а во 22:25 часот дека во казино на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана со пиштол кон вработената се обидело да го одземе прометот, но не успеало во намерата, по што се дало во бегство.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случаите и пронаоѓање на сторителот.

Најнови вести од: Хроника

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

To top