Бизнис

Раст на цените на ѓубривата: Нова закана за цените на храната во светот

Наглиот пораст на цените на енергенсите во Западна Европа по војната во Украина веќе ја ослабна локалната хемиска индустрија.

Војната во Иран предизвика скок од 30 до 40 отсто на цените на минералните ѓубрива од почетокот на годината, што директно ги загрозува меѓународните цени на храната, предупредуваат германските експерти.

„Цените на светскиот пазар за азотни ѓубрива се повеќе се приближуваат до врвните нивоа што ги забележавме на почетокот на војната на Русија против Украина во февруари 2022 година“, изјави Филип Шпине, генерален директор на Германското здружение Рајфајзен.

Сепак, европските потрошувачи засега не ги почувствувале директните последици, бидејќи многу земјоделци го набавиле пролетното ѓубриво уште пред да започне војната во Иран, соопшти Баварското здружение на земјоделци за ДПА.

Но, ако конфликтот продолжи, трошоците за производство во Германија и во други европски земји веројатно ќе се зголемат, а со нив и цените на производителите, предупредуваат од здружението.

Пред четири години, стравувањата од сериозна закана за глобалната безбедност на храната не се остварија.

Ова делумно се должеше на фактот што Русија – како водечки производител на ѓубрива – всушност го зголеми извозот по инвазијата врз Украина. Европската унија, пак, постепено ги зголемуваше царините за руските азотни ѓубрива.

Главниот двигател за растот на цените на ѓубривата се високите цени на енергенсите.

Цената на гасот сочинува и до 90 отсто од трошоците за производство на амонијак и азотни ѓубрива, соопшти германското здружение на аграрна индустрија.

Затоа, секое поскапување на гасот автоматски доведува и до поскапување на ѓубривата.

Од друга страна, ако земјоделците користат помалку ѓубриво поради високите цени, тоа директно влијае врз намалување на приносите од земјоделските култури.

Иако околу една третина од светската трговија со уреа и околу 20 отсто од амонијакот минуваат низ Ормутскиот теснец, директното влијание врз Европа досега се оценува како минимално.

„Европа со години речиси и не увезува ѓубриво од конфликтниот регион“, изјавија од Германското здружение на земјоделска индустрија.

Во случајот на Германија, околу 75 отсто од потребите за азотни ѓубрива сè уште можат да се задоволат преку домашно производство, а малку повеќе кај поташастите ѓубрива.

Сепак, индиректните ефекти од повисоките цени на гасот и течниот природен гас се чувствуваат многу силно, бидејќи влијаат на европските хемиски и ѓубривни индустрии.

Наглиот пораст на цените на енергенсите во Западна Европа по војната во Украина веќе ја ослабна локалната хемиска индустрија.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

To top