На 10.04.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ф.Е.Т.(22) од Турција, управувајќи тротинет, удрил во пешакот К.Б.(55) од Скопје и го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Б., констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот Ф.Е.Т..