Свет

Велигденското примирје во Украина стапи на сила

Прекинот на огнот започна во 16:00 часот по московско време (15:00 по средноевропско) и е најавено дека ќе трае до крајот на денот во недела

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Велигденското примирје во војната во Украина, прогласено од рускиот претседател Владимир Путин, денеска официјално стапи на сила. Прекинот на огнот започна во 16:00 часот по московско време (15:00 по средноевропско) и е најавено дека ќе трае до крајот на денот во недела.

Според најавите од Москва, целта на примирјето е привремено запирање на непријателствата за време на празничниот период, при што руските вооружени сили добиле налог да ги прекинат операциите во предвидениот рок. Во исто време, било нагласено дека единиците треба да останат подготвени да одговорат доколку дојде до напад или прекршување на примирјето.

Кремљ соопшти дека очекува и украинската страна да го следи истиот пристап и да се придржува до велигденскиот прекин на огнот. По објавата, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев ќе го почитува примирјето и дека Украина е подготвена за „реципрочни чекори“ во периодот на празниците.

„Украина повеќепати соопшти дека е подготвена за реципрочни чекори. Предложивме прекин на огнот за време на велигденските празници оваа година и ќе дејствуваме во согласност со тоа“, порача Зеленски во објава на Телеграм.

И покрај формалното стапување на сила, вниманието на меѓународната јавност е насочено кон тоа дали примирјето ќе се одржи на терен, со оглед на претходните искуства во кои ваквите договорени паузи биле кревки и често следени со меѓусебни обвинувања за прекршувања.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top