Хроника

Тројца уапсени за горење кабли за да вадат бакар

Испуштени штетни материи во воздухот

Основното јавно обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица осомничени за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ според член 230 став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, тројцата соизвршители на 17 септември дошле со товарно возило наполнето со отпад во близина на депонијата „Буково“.

Таму почнале да палат отпадни гумени кабли за да ги издвојат бакарните жици. При горењето се создал чад и во воздухот биле испуштени штетни материи.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Охрид доставил предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени.

Од Обвинителството наведуваат дека предлогот за притвор е поднесен првенствено поради опасност од бегство, како и поради можноста осомничените да влијаат врз сведоците во постапката.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top