Хроника

Уапсен 69-годишник во Гостивар откако полицијата му пронајде пушка и 110 куршуми

Надлежните пронајдоа и одзедоа автоматска пушка со рамка во која имало шест куршуми од 7,65 мм, рамка со седумнаесет куршуми од 7,65 мм, како и неколку кутии со вкупно 110 парчиња муниција од различни калибри

 

Шеесет и деветгодишен маж е уапсен во Гостивар откако полицијата пронашла оружје и муниција при претрес на неговиот дом и помошните објекти. Од полицијата соопштија дека претресот бил извршен врз основа на судска наредба.

„На 6 октомври 2026 година, во Гостивар, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Гостивар го лишија од слобода У.Р. (69) од Гостивар.

При претресот на неговиот дом и помошните објекти – извршен по судска наредба – надлежните пронајдоа и одзедоа автоматска пушка со рамка во која имало шест куршуми од 7,65 мм, рамка со седумнаесет куршуми од 7,65 мм, како и неколку кутии со вкупно 110 парчиња муниција од различни калибри“, се наведува во полициското соопштение.

Осомничениот е задржан во полициската станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top