Хроника

Уапсен Нигериец откако нападнал полицаец во Градскиот парк

При претрес, кај дотичниот У.И.У (37) било пронајдено оружје и муниција, за кои немал дозвола

 

Нигериец, со американски пасош, беше уапсен во раните утрински часовивчера откако физички нападнал полицаец во бар во Градскиот парк во Скопјe.

Според полицијата, при претрес, кај дотичниот е пронајдено оружје и муниција, за кои немал дозвола.

„На 21.12.2025 година, во 04:30 часот, пред хотелски објект во Градскиот парк во Скопјe, полициски службеници од СПБ-Скопје го лишиле од слобода У.И.У. (37) од Нигерија (со американски пасош и лична карта), бидејќи физички нападнал полицаец кој извршувал службени задачи. При претресот се пронајдени и одземени пиштол „Глок“, два шаржери и 30 патрони, за кои не поседувал дозвола.

По целосно документирање на случајот, ќе следи соодветен извештај“, велат од МВР.

Најнови вести од: Хроника

Уапсени седум безобѕирни возачи, меѓу нив пијани, со забрани, и еден малолетник!

Седум возачи завршија во полициска станица во изминатото деноноќие, поради безобѕирно возење на патиштата низ државата. Меѓу нив имало и малолетник зад волан. Најголем дел од приведените, четворица, возеле без возачка дозвола. Еден од нив бил малолетник, кој бил затекнат како управува возило во Тетово. Други случаи на возење без дозвола биле забележани  во Гостивар, Кавадарци и Прилеп.

To top