Хроника

Уапсен сопругот на починатата жена и дете – само два часа пред смртта бил пријавен за насилство

Во декември, лани, лицето било лишено од слобода откако кај него биле пронајдени 20 пакувања со дрога (марихуана и амфетамин), по што Министерството за внатрешни и работи поднело пријава до обвинителството по брза постапка, за што биле изречени мерки на претпазливост од страна на судот.

Стојанче Јовановски, човекот кое е задржан во полициска станица по трагичниот настан во скопско Тафталиџе, каде што вчера неговите сопруга и дете беа пронајдени мртви по пад од балкон, и досега ѝ бил познат на полицијата по дела поврзани со насилство и други криминални активности. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција, на која тема беше настанот, соопшти дека против Јовановски, кого министерот го наведе со име и со презиме, во изминатите години скопската полиција поднела вкупно 10 кривични пријави за дела од областа на насилниот криминал, имотни деликти и недозволена трговија со дрога.

На 2 март, во 12:05 часот, во полиција била примена пријава за расправија меѓу сопружници. Полициските службеници пристигнале на адресата по 15 минути и разговарале со жената, која изјавила дека немало физички контакт со сопругот и дека станувало збор за недоразбирање. Таа не побарала понатамошна интервенција, нагласувајќи дека брачниот проблем го решава преку постапка за развод, и потпишала службена белешка. Два часа подоцна се случил трагичниот настан, објасни министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

  • „Мајката и детето, во временскиот интервал пред да паднат од балконот, од внатрешната страна се заклучиле во станот, и според информациите со кои располагам, немало друго лице присутно во станот“, изјави Тошковски.

Во декември, лани, лицето било лишено од слобода откако кај него биле пронајдени 20 пакувања со дрога (марихуана и амфетамин), по што Министерството за внатрешни и работи поднело пријава до обвинителството по брза постапка, за што биле изречени мерки на претпазливост од страна на судот.

Во текот на минатата и на почетокот на оваа година, во Министерството за внатрешни работи, како што наведе Тошковски, биле евидентирани повеќе пријави за нарушени меѓучовечки односи и физички напади помеѓу сопружниците.

Најнови вести од: Хроника

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски, поради четири убиства и два обида за убиство на жени

Основниот суд во Куманово денеска ја изрече пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Судот го осуди Бојковски на казна доживотен затвор, со што заврши првостепената судска постапка која предизвика голем интерес во јавноста.

Од 12 октомври 2026 започнува „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надѕор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно и во Струга, Кичево и во Дебар.

Притвор и куќен притвор на двете вработени во АД „Државна лотарија“ за проневера на 1,3 милиони евра

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на Обвинителството, им определи мерка притвор и куќен притвор на двете осомничени финансиски раководителки во АД „Државна лотарија“ за “проневера во служба”.

Одземен пасошот и забрана за работа за Вишиот јавен обвинител од Битола, се сомничи за криминал и мито

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост против П.В. – Виш јавен обвинител од Битола, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и по ценење на фактите и доказите содржани во предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот на ОЈО ГОКК.

To top