Хроника

Упаднал на семејна вечера и убил осум члена од семејството (ВИДЕО)

Неговите родители само неколку недели пред масакрот побарале од синот Алан Смит да се исели од куќата, која ко првавиот чин ја запалил

 

44-годишен маж убил осум члена од своето семејство, вклучувајќи четири деца, за време на семејна вечера во дом во Билингс, Монтана, во неделата.

Неговите родители побарале од синот Алан Смит да се исели од куќата само неколку недели пред масакрот, изјавил член на семејството за Асошиејтед Прес.

Родителите на Смит, кои исто така биле убиени, го замолиле да се исели, но тој се вратил во куќата во неделата и отворил оган.

Жртвите биле од четири генерации на семејството: најстарата била прабаба во нејзините 90-ти години, додека најмладата била седумгодишно девојче.

Истражителите потврдија дека имало осум жртви, вклучувајќи четири деца, и дека осомничениот пукал во себе и дека подоцна починал.

Смит живеел со своите родители со години сè додека не го замолиле да се исели пред неколку недели. Во недела навечер, тој неочекувано се вратил во куќата, каде што семејството Смит било собрано на нивната неделна семејна вечера.

Смит тогаш ги убил својата баба, родителите, помладата сестра и четирите деца, а потоа ја запалил куќата.

Смит се обидел да избега, но бил спречен од полицајци.

Ова е 22-ро масовно пукање во Соединетите Држави оваа година.

Најнови вести од: Хроника

Втора кривична пријава против Ќира – овојпат незаконски разрешил директор на училиште и поставил друг, иако не исполнува услови

Струшката полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга Менди Ќира, поради сомневање дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Ќира доби кривична пријава и во април годинава, бидејќи на 18 ноември 2025 година назначил вршител на должност директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга, и покрај тоа што знаел дека кандидатот не ги исполнува законските услови.

Кривична пријава за поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски за несовесно работење и две службенички од Општина Карпош за злоупотреби

Постапувајќи според наредба од Основното јавно обвинителство од Скопје, Секторот за економски криминал на скопската полиција поднесе кривична пријава против Благица Блажевска за четири кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, против Симона Серафимовска-Ѓуреска за две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против против Стевчо Јакимовски за кривично дело „Несовесно работење во службата“.

Михаилов по апсењето на дрвокрадците, кои нападнаа шумари и полицајци во Банско: Најчесто завршуваат вака! (Видео)

Заменик-директорот на „Национални шуми“ Кире Михаилов во објава на фејсбук реагираше на последните случаи на напади врз службени лица од криминалци-дрвокрадци.Тој објави видео запис од уапсените дрвокрадци. Според МВР, на 13 септември, околу пладнето во село Банско, Струмичко, полициски службеници биле нападнати од дрвокрадци, додека се обидувале да им извршат контрола.

To top