Хроника

Во едно деноноќие уапсени 15 лица, поради безобѕирно возење

Во текот на изминатото деноноќие полицијата на целата територија на државата лишила од слобода 15 лица поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Од нив, 10 управувале возило без возачка дозвола, меѓу кои и тројца малолетници. Две лица биле затекнати како возат под дејство на алкохол, едно управувало возило и покрај активна забрана, додека две лица истовремено возеле без дозвола и под дејство на алкохол.

По целосното документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР повторно апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата, да не управуваат без возачка дозвола, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана за управување.

Најнови вести од: Хроника

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Осум дена притвор за возачот од Битола, откако беше приведен и по вторпат: првиот пат со 3,23, а потоа и со 3,50 промили алкохол во крвта!

Х.Ј. (29) првиот пат бил запрен кај спортската сала „Боро Чурлевски“ со 3,23 промили, а два дена подоцна на Партизанска повторно возел пијан. Му е одреден осумдневен притвор.

To top